Пирели календарот за 2015 за прв пат вклучува plus-sizе модел

25 јули 2014

По минатогодишната пауза, кога за 50-годишнината на Пирели календарот беа искористени фотографии од архивите, Пирели во 2015 се враќа со вистински моден бум.

Кендис Хафин Кендис Хафин

Познатиот Пирели календар или уште наречен и „The Cal“, ќе вклучува фотографии кои ќе бидат ексклузивно фотографирани од Стивен Мејсел, а креациите ќе бидат стилизирани од страна на Карин Ројтфелд. Пред фотообјективот ќе позираат дванаесет топ светски модели меѓу кои Адриана Лима, Наталија Водијанова, Ракел Зимерман, Изабели Фонтана, Саша Лус, Ана Еверс, Каролин Марфи, Камерон Расел, Џиџи Хадид, Кендис Хафин, Карен Елсон и Џоан Смалс.

Кендис Хафин Кендис Хафин

Вистинската новина за 42-та едиција на календарот кој ќе биде испринтан во само 17.000 примероци и ќе тежи околу 90 килограми, е Кендис Хафин, првиот plus-sizе модел што воопшто се појавил во календарот. Во модната индустрија таа е веќе ѕвезда. Се појави на насловната на италијански  Vogue, но и во многу други списанија.

„Свесна сум за фактот дека јас сум поразлична од нив. Дури и кога се качував по скалите за фитингот знаев дека мене ќе ми одговараат само неколку парчиња облека, а нив сите ќе им стојат совршено. Но, не дозволувам никој да влијае врз мојата самодоверба и да направи да се чувствувам  непријатно кога станува збор за мојата големина. Заоблената девојка доаѓа. Јас сум всушност како нив само што имам некој килограм повеќе“ , изјави Хафин.

Џоан Смалс Џоан Смалс

Смалс, втор пат се фотографира за овој фамозен календар и вели дека Мејсел е главниот виновник кој успеал повторно да ја врати во тимот.

„Навистина сум почестена што по втор пат сликам за овој календар, но уште повеќе ми ласка фактот што ме фотографира Мејсел, тој е легенда. Има толку убави жени, модели и навистина ми е огромна чест што заслужив место во дванаесетте величествени“, вели Смалс која за календарот позира облечена во тренерки на Александар Ванг, блејзер на Rag & Bone и патики потпишани од Гучи.

Карен Елсон Карен Елсон

За Каролин Марфи, соработката со големата тројка Мејсел, Пирели и Ројтфелд е голема чест и потврда за тоа дека одлично ја работи, професијата што ја сака.

„Имав навистина многу обврски оваа недела, но откажав сè. Не ти се јавуваат секој ден за да бидеш дел од еден ваков проект предводен од најголемите имиња во модниот свет. За мене како модел ова е огромна чест“, рече Марфи.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид

Како дел од тимот оваа година се најде и деветнаесет годишната Џиџи Хадид, која Ројтфелд ја обожава и за која во неколку наврати има изјавено дека е нејзина муза.

„Кога прв пат слушнав дека планираат да бидам дел од тимот мислев дека се шегуваат со мене. Се и должам на Карин, таа ми е голема поддршка во градењето на мојата кариера. Неизмерно сум и благодарна што ме вклучи во овој проект“, рече Хадид.

Адриана Лима Адриана Лима

Фотографиите се сликаа во Њујорк, а календарот официјално ќе ја има својата промоција во ноември.

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Актуел