Pitti Uomo – Врвот на машката модна сцена!

11 јануари 2018

Вниманието на целата светска модна јавност е фокусирано на Фиренца каде традиционално, по 93-ти пат деновиве се одржува елитниот саем на машка мода „Pitti Uomo".

Улиците на Фиренца се вистинска стилска разгледница од фантастични, уникатни машки изгледи кои важат за дефиниција за врвен и беспрекорен имиџ.

„Pitti Uomo" со своето реноме важи за една од најпрестижните платформи каде се презентираат новите трендови во машката мода и каде на едно место се собираат највлијателните ликови од оваа сфера.

Но, истовремено ова е настан кој го прикажува беспрекорното лице на стилот на италијанските мажи и нивната врвна естетика.

Како изгледа еден современ џентлмен – погледнете низ фотографиите директно од улиците на Фиренца.

 Фото: Инстаграм

Објавено:
11 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
364 пати