Уште едно големо име од модната индустрија ја напушта својата челна позиција. По цели 25 години маестрална кариера како креативен директор на Валентино, италијанскиот дизајнер Пјер Паоло Пиколи си заминува од модната куќа.
View this post on Instagram
Кариерата ја започна во 1999-та година кога заедно со Марија Грација Кјури стапи на позицијата дизајнер за модни додатоци.
Во 2007-ма, по 45 години, основачот на модната куќа, Валентино Гаравани, заминува од челната позиција, а веќе следната година Пиколи и Кјури стануваат ко-креативни директори.
Двајцата дизајнери успешно соработуваат сè до 2016 кога Кјури заминува да работи за Диор.
Пиколи својата дизајнерска визија ја остваруваше преку романтични колекции, а познат беше по користење на јаки бои, цветни мотиви и пердуви.
View this post on Instagram
Сепак неговата последна ready-to-wear колекција за есен 2024-та беше комплетно црна. Пиколи за тоа кажа дека е само одраз на мрачните времиња во коишто живееме.
Тој беше омилен кај своите соработници и познат по тоа што по претставувањето на своите колекции излегуваше заедно се целиот свој тим.
Кој ќе го наследи на позицијата креативен директор е сè уште непознато.
Во продолжение некои од неговите најдобри креации на црвениот тепих.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram