Плакарот на Ксенија Николова: Јас и Елена Лука сме пријатели засекогаш!

31 декември 2020

Секоја Нова година, речиси секој од нас се осврнува на периодот што изминал. Тој поглед наназад е како пакетче исполнето со различни емоции, мигови кои се паметат, луѓе кои оставиле трага на нашиот животен пат. Со некои сме се разминале, додека со други пријателствата се зацврстиле.

И токму такво е пријателството помеѓу модниот бренд Елена Лука и авторката Ксенија Николова.

Таа ни покажа дел од нејзиниот плакар, а секое од парчињата со потпис на нашата модна куќа, покрај часови труд, љубов, квалитет и оригиналност,  е проткаено со емоција, бидејќи на крајот, токму емоциите се оние за кои се врзуваме и кои ни остануваат врежани.

Од лежерни комбинации па сè до венчалниот фустан, прошетавме низ животот на Ксенија, а и работата на модната куќа.

Темносиниот фустан со специфично изработени детали во горниот дел и копчиња, како и широко здолниште и крој кој одлично ја истакнува силуетата на Ксенија е една од креациите кои беа специјално за неа изработени во оваа 2020 година, па оттаму позборувавме и за тоа какви чувства ѝ буди:

-Ова е креацијата што ја носев на промоцијата на мојот последен роман „Незадоволна“. Навистина ми буди убави спомени, бидејќи прекрасно си поминавме и покрај тоа што промоцијата се случи во сред пандемија. Ме потсетува на успех. Со фустанот ми изработија и маска од истиот материјал, така што бев комплетно подготвена и навистина овој фустан многу ми се допаѓа. Една жена е дама кога ќе си го пронајде својот стил, кога знае што сака и која е нејзината цел, а јас во оваа креација се чувствував токму така - вели Ксенија.

Позборувавме и за тоа што е за неа моќен моден изглед:

-Оваа комбинација од црни панталони во комбинација со ова необично палто е дефинитивно поим за моќен изглед. Овој атуфит го носев на еден семеен настан и речиси и да нема некој што не ме праша од каде е парчето и добив огромни пофалби за дизајнот, бидејќи се работи за сако кое е рачноизработено и висококвалитетно, едно од моите омилени парчиња. Ме потсеќа на убави нешта, на самодоверба, а комбинацијата на златно и црно е една од моите асоцијации за прослава, така што совршено се совпаѓа изгледот со значењето - посочи писателката.

А кога сме кај омилените парчиња, тука спаѓа и краткото болеро со везени цветови.

-Кога го носам ова прекрасно палто си замислувам дека сум во Шпанија, мојата омилена земја во која живеев три години. А ова палто ми има токму такви елементи. Со го носам со задоволство и го комбинирам со фармерки, фустанче, панталони. Цветовите ми се асоцијација на убави нешта, на чистина, нежност, така што ги практикувам и во домот, но и вака на парчиња облека. Ова палто ми е љубов на прв поглед - нагласи Ксенија.

При разгледувањето на нејзиниот Елена Лука - гардеробер, не можевме да го одминеме и венчалниот фустан, кој не само што буди совршена емоција кај неа, туку е и едно од најуникатните парчиња што ги поседува. 

-Ова е фустанот во кој се омажив. Мојата замисла беше претворена во реалност, Елена Лука ми ја исполнија желбата и ме направија неизмерно среќна. Фустанот е нешто прекрасно. За ова парче облека ме врзуваат многу посебни сеќавања и чувства. Сега го облекувам по втор пат, а ретко кој веројатно има прилика да си ја облече венчаницата повторно :), а можам да кажам дека ме враќа на тој магичен ден и чувството е повторно убаво.

Елена Пандева, сопственик, генерален менаџер и водечки дизајнер на Елена Лука, го сподели задоволството што имаат доверба и меѓусебна љубов што ја негуваат со години:

-Како бренд секогаш сме целеле да им овозможиме на жените дамски, софистициран и оригинален дизајн, со врвен квалитет и повеќе од една деценија сме успешни во тоа. Ксенија совршено се вклопува во нашата модна приказна и е наш долгогодишен клиент, кој воедно стана и пријател и личност која вистински ужива во нашите дизајни и одлично умее да ги носи. Оваа презентација на нејзините парчиња со наш потпис е само еден мал дел и убава ретроспектива на успешните модни приказни што сме ги испишале заедно низ годините. Навистина се радувам што имаме можност да соработуваме со убава и успешна жена која точно знае што сака и со која ја делиме страста кон уметноста. Нашето пријателство продолжува и понатаму, исполнето со љубов кон модата, нови дизајни и убави поводи.

На крајот ја прашавме Ксенија, со кои три збора би ја опишала Елена Лука:

-Дизајн, квалитет и почит.

Зошто си ти ЕЛ девојка?

-Токму поради тие три работи. Кога доаѓам во Елена Лука се чувствувам почитувана. Дизајнот кој што го одбираме и што го создаваат е оригинален и на многу високо ниво, а квалитетот е дел од секоја приказна, без исклучок.

Твојот ЕЛ гардеробер би го опишала како?

-Едноставен, софистициран, со разни тонови, но со уникатен стил во кој што преовладува скромноста и женственоста.

Ти и Елена Лука сте...?

-Пријатели засекогаш!

Во продолжение погледнете ги и останатите фотографии и комбинации. А од следниот месец, нашите читатели ќе имаат можност да се запознаат со Ксенија и преку нејзините колумни. Читајте не' и во новата година :)

 

Објавено:
31 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.076 пати