Plus –size моделот Ешли Грахам лансира линија долна облека инспирирана од „Педесет нијанси сиво“

27 мај 2015

По огромниот успех на рекламната кампања „I’m  no angel“ на брендот за plus-size облека, Лејн Брајант, еден од моделите што беше дел од друштвото на преубавите девојки со облини, Ешли Грахам, го продолжува ова нејзино искуство со сопствена линија долна облека која ќе биде наменета за пазарот во Америка.

Како инспирација за оваа „plus-size“ колекција долна облека послужил извиканиот филм „Педесет нијанси сиво“, што веќе најавува што би можеле да очекуваме од  новата линија која треба да биде промовирана во август, а е наменета за сезоната есен-зима  2015.

Ешли од 2013 година креира свои колекции за plus-size брендот Addition Elle, меѓутоа до сега нејзините дизајни беа достапни само на пазарот во Канада, а сега таа го проширува своето искуство и во САД.

Објавено:
27 мај 2015
Категорија: 
Актуел