Ребел Вилсон лансира своја „plus-size“ модна линија

14 мај 2015

Харизматичната актерка Ребел Вилсон која одлично знае да се носи со своите килограми, најави нејзина дизајнерска „plus-size“ колекција.

Овој потег на холивудската актерка воопшто не е изненадувачки, со оглед на фактот дека таа е една од најдобро облечените „plus size“ жени во шоубизнисот, па своето искуство, но и проблемот со кој лично се соочува, како и голем дел од жените во светот, ќе ги искористи како насока во дефинирањето на нејзината модна линија.

Ребел линијата ќе ја дизајнира во соработка со модната куќа Torrid која е специјализирана за ваков тип на облека, што значи дека актерката барала сигурен партнер за овој проект.

„Не верував дека постои таква модна куќа која креира облека со големи конфекциски броеви, а истовремено е кул, квалитетна и достапна“, вели Ребел за тоа како дошла до идејата да соработува со брендот Torrid.

Таа најавува дека колекцијата која ќе биде лансирана на пазарот во ноември, ќе го носи нејзиниот автентичен стилски печат и дека во целиот процес на креирање ќе се вложи максимално и несебично, без да ја штеди целата креативна енергија.

Ѕвездата од  Pitch Perfect   и Bridesmaidsдо сега неколкупати не' водушеви со нејзиниот одличен стилски избор за појавувањата на црвениот килим, што е најава за одлична колекција за жени со облини која ќе биде достапна и онлајн на torrid.com.

Објавено:
14 мај 2015
Категорија: 
Актуел