10 впечатливи модни комбинации на Ребел Вилсон откако ослабе 35 килограми

13 јануари 2022

Шармантната холивудска актерка Ребел Вилсон ослабе 35 килограми, во текот на 2020 година која таа ја нарече „Година на здравјето".

Нејзината решителност ја донесе до посакуваната цел, да ја намали тежината за да биде поздравата верзија на себе.

Во интервју за Apple Fitness+, таа открива дека редовното пешачење е всушност тајното оружје кое ѝ помогнало во остварување на целта, наместо интензивните и понапорни физички вежби.

Во една прилика за InStyle, Ребел изјави:

-Сега знам дека го можам ова и понекогаш жалам што не го направив порано.

Откако го смени својот физикус и ослабе 35 килограми, интересно е да се анализира стилот на Вилсон.

Во неколку наврати до сега ја видовме во елегантни миди фустануи што ја истакнуваат силуетата, но и во лежерна и секојдневна облека во која и изгледа исто толку убаво ( а веројатно и така и се чувствува).

Одбравме топ 10 впечатливи модни комбинации што холивудската актерка ги носеше претходната година и со кои го привлече вниманието на модната јавност.

 

Објавено:
13 јануари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.400 пати
Тагови: 
Ребел Вилсон