Камила Кабељо ќе ја глуми Пепелашка
•
10 април 2019
Пејачката Камила Кабељо наскоро ќе стане актерка. Имено, ќе се снима филм за “Пепелашка“, а главната улога ѝ припадна токму на Кабељо. Зад остварувањето ќе застане „Сони Пикчерс", а како продуцент ќе се потпише Џејмс Корден.
Новата „Пепелашка“ ќе биде музичка верзија на познатата бајка, која досега имала римејк во 1997 година со Бренди и Витни Хјустон, а потоа и во 2015 година со Лили Џејмс. Последното остварување оствари заработувачка од 543 милиони долари.
Режисер ќе биде Кеј Канон, која ги потпишува и комедиите „Pitch Perfect“.
Ова ќе биде прва филмска улога за 22-годишната актерка, која воедно ќе учествува и во создавањето на музиката за остварувањето.