Рис Витерспун ќе лансира свој бренд на облека

6 мај 2015

reese-witherspoon-at-vanity-fair-oscar-party-in-hollywood_1

Познатата и меѓу многумина омилена актерка Рис Витерспун, која најчесто ја паметиме по улогите во романтичните драми и комедиите, одлучи да се впушти во нов предизвик – лансирање на свој бренд на облека.

Според првичните информации, брендот ќе го носи имете Драпер Џејмс, а е посветено на нејзините баба и дедо, Дроти Драпер и Вилијам Џејмс Витерспун.

Со оглед на тоа, сите производи што ќе бидат означени со логото на брендот се внимателно одбрани и сериозно осмислени од страна на актерката:

-Го ставам моето име на нив. Името на нашето семејство! – вели Витерспун.

Таа додава дека стилот на брендот ќе биде „јужњачки“ и „убав без извинување“, бидејќи девојките не треба да се извинуваат пасијата за женствени, нежни работи.

За сега се знае дека Рис ќе се потруди цветните фустани да бидат еден од препознатливите парчиња на брендот Draper James.

 

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Сцена