Вчера модниот свет изгуби голем визионер и една од најпочитуваните личности во модната индустрија. После борбата со тешка болест, во 66-та година од својот живот, вчера почина долгогодишниот стратешки директор на LVMH, а и претседател и извршен директор на Луј Витон, Ив Карсел.
Помеѓу инволвираните во модната индустрија, тој беше познат како човек кој со неверојатна страст и енергија ја работи својата работа, а со своето дваесетгодишно искуство како извршен директор на Луј Витон е заслужен за големиот прогрес и меѓународните успеси на овој престижен моден бренд.
На челната позиција во Луј Витон доаѓа во 1990 година откако најголем дел од кариерата поминува во патување и секојдневно соочување со нови предизвици во се поуспешното пласирање на својата модна етикета. Во 1997 година, Карсел одигра клучна улога во регрутирањето на Марк Џејкобс во креативниот тим, кој тогаш бил млад и бунтовен дизајнер од Њујорк.
Во 2012 година, Касел се повлекува од позицијата директор на Луј Витон, но и понатаму останува во извршниот одбор на LVMH.
Токму тој е заслужен за лансирањето на т.н „it чанти“ кои се популаризираа во 2000-та година, со што му беше овозможено на Марк Џејкобс да работи со познати уметници.