Групацијата на најдобрите дизајнерски куќи LVMH и Делфина Арно го објавија конкурсот на кој можат да учествуваат сите млади дизајнери во трката за освојување на 300.000 евра. Примамливата сума на пари кој ќе ги освои победникот не е единствената придовка во целиот процес. Учесниците ќе имаат ексклузивна можност да ги запознаат креаторите на модната индустрија, јадрото кое го движи модниот свет, тоа се најпознатите модни дизајнери и креативни директори на веќе етаблирани модни брендови Карл Лагерфелд, Марк Џејкобс, Николас Геские, Раф Симонс, Фиби Фило, Рикардо Тиши, Умберто Леон и Керол Лим, кои воедно се и почесни членови на модното жири кое ќе одлучи кој ќе биде победникот.
Луксузната групација денеска ја објави новогодишна LVMH награда. Учество можат да земат сите млади дизајнери кои немаат повеќе од 40 години. Нивна задача е да произведат две комерцијално достапни колекции за мажи и жени. Покрај финансиската награда, дизајнерот добива и уште една ексклузивна можност едногодишно менторство од страна на најдобрите дизајнери ветерани. Три награди во висина од 10.000 евра ќе им бидат доделена на сегашни или неодамнешни студенти на мода, на кои ќе им биде и понудено потпишување на едногодишен договор за работа во некои од модните куќи на LVMH групацијата. За разлика од веќе постоечките модни натпреварувања од ваков тип како ANDAM во Франција и Vogue Fashion Fund во Америка, LVMH конкурсот е отворен за дизајнери од целиот свет без разлика на нивната националност, вера, раса или класна поделеност.
„Нашиот главен приоритет е креативноста пред се. Во жири комисијата се најдоа звучни имиња од модната индустрија, бидејќи сметавме дека никој не е покомпетентен од нив кога станува збор за создавање на мода, па следствено на тоа нема сомнеж дека ќе победи најдобриот, бидејќи ќе биде избран од најдобрите“, изјави Делфина Арно, која воедно е и извршен потпретседател на Луј Витон и еден од директорите кој ја предводат оваа иницијатива.
Кандидатите своите портфолија можат да ги достават на онлајн сајтот LVMHprize.com, на кој воедно можат и да аплицираат се до 2 февруари 2014 година. Од многубројните апликации ќе бидат селектирани 30 дизајнери кои ќе бидат испратени во Париз, каде во рамките на модната недела ќе можат да ги промовираат своите колекции.