Најголемиот моден натпревар до сега под покровителство на LVMH

7 март 2014

Победникот покрај паричната  награда во вредност од 300.000 евра цела година ќе биде под менторство на највлијателните дизајнери на денешницата, а ќе добие и помош во градењето на сопствениот бренд во однос на интелектуалната сопственост, производство, дистрибуција, маркетинг и реклама.

Проектот е дело на Делфин Арнаулт, ќерка на Бернард Арнаулт, сопственик на групацијата LVMH, а жирито ќе биде составено од најпознатите фигури во модната индустрија како што се Керин Ројтфелд, Наталија Водјанова, Тим Бланкс и други. По избирањето на десетте финалисти, тимот од модни дизајнери Николас Гескер, Раф Симонс, Карл Лагерфелд, Марк Џејкобс, Фиби Фило, Рикардо Тисци, Керол Лим и Умберто Леон ќе го изберат среќниот добитник.

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Актуел