Официјално е објавена листата од дванаесетте финалисти во трка за престижната Награда за најдобар млад дизајнер која ја доделува луксузната групација на најеминентните дизајнерски куќи LVMH , а која вклучува 300.000 евра, како финансиска поддршка за развој на нивниот бренд.
Од 1 221 апликант, минатиот месец беа објавени 30-те најдобри, а со стеснувањето на кругот во финалната фаза се избрани 12 дизајнери: Симон Роша, Томас Таит, CG на Крис Џелинас, Габриеле Коланџело, Шејн Оливер од Hood by Air, Симон Порт Жакеми, Miuniku на сестрите Никита и Тина Сутрадар, Тилман Лаутербах, Тим Копенс, Suno на Ерин Бити и Макс Остервајс, Вика Газинскаја и Џулиен Досена за неговиот бренд Atto.
Победникот ќе го селектира комисија составено од врвни дизајнерски имиња, ветерани во својата професија како: Марк Џејкобс, Карл Лагерфелд, Раф Симонс, Рикардо Тиши, Фоби Фило и други.
Покрај паричната награда, најдобриот млад дизајнер според LVMH ќе добие и профсионални совети и насоки од експертите кои работат за брендови како Диор, Селин, Живанши и Марк Џејкобс.