Симон Роша ќе дизајнира капсулна колекција за J Brand

6 февруари 2014

Најдобарaта млада дизајнерка за женска облека, Симон Роша се приклучува на тимот на „Ј Brand“ со креирање на капсулна колекција која треба да биде лансирана на средината на годината. Кон истата етикета претходно се приклучија и Кристофер Кејн и Проенза Скулер, а Роша со овој чекор уште еднаш го оправда признанието за најдобра млада дизајнерка.

-Симон прерасна во зрела дизајнерка со силно изразено чувство за естетика и тоа за многу краток период. Наше е задоволството еден голем креативец како неа да работи на мини колекција, вели извршниот директор Џеф Рудс.

За купувачите и медиумите колекцијата ќе биде промовирана во месец јули. Инаку, Роша своето дизајнерско деби го имаше во 2011 година кога на модната недела во Лондон ја претстави колекцијата пролет-лето, а подоцна освои награда за најдобар млад дизајнер на женска облека на Британските модни награди.

-Многу сум возбудена поради овој проект, но и среќна што ќе учам од експертизата на овој голем бренд, вели Симон Роша.

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел