Младата ирска дизајнерка Симон Роша е име кое експресно се лансираше во светот на модата. Таа своето дизајнерско деби го имаше во 2011 година кога на модната недела во Лондон ја претстави колекција пролет-лето, а подоцна освои награда за најдобар млад дизајнер на женска облека на Британските модни награди. Таа е перфекционист во секој поглед, а по завршувањето на секоја нејзина ревија претпочита да се самокритикува и да ги забележи сите недостатоци што публиката не можела да ви воочи.
И нејзиниот талент не е случаен, бидејќи го има во семејните гени. Нејзиниот татко е познатиот ирски дизајнер Џон Роша. По дипломирањето во 2010 година на Националниот колеџ за арт и дизајн во Даблин, таа дизајнираше девет комерцијални колекции, капсулна колекција за Топшоп, освои награди од Британскиот моден совет, како и магазините Elle и Wallpaper, за подоцна годинава да лансира и колекција во соработка со „J brand“. Освен што е миленичка во дизајнерските кругови, Симон ја обожаваат и славните како Ријана, Кети Пери, Клое Моретз и многу други. Иако е млад дизајнер на британската модна сцена, Роша веќе има свои бутици во Лондон и Њујрок, а дел од нејзините колекции се изложени и во реноминарни продавници во Шангај, Чикако и Милано. Модните критичари умеат да кажат дека Симон има силно изразено чувство за естетска визија, која покажува зрелост надвор од нејзината возрасна линија.
Секоја нејзина колекција фокусот најпрво го става на женственоста, класична но истовремено и урбана дама која сака да се вклопи во толпата со останатите, а сепак да се разликува. Едноставно, Симон е име кое допрва ветува многу колекции, што сочинуваат креации со нови визии и поразлични од се останато.
Таа вели дека модата е отсекогаш во неа, но оние инволвираните мораат најпрво да го пронајдат својот идентитет. Иако е од Ирска свесна за тамошниот мал моден пазар, решава да се пресели во Лондон каде претпоставките и амбициите очигледно и се остварија.