Симона Роша највисоко рангирана на листата за наградата NEWGEN

28 јуни 2013

Секоја година Британскиот моден совет доделува награди за најкреативните дизајнери и нивните колекции.  Оваа година  престижната модна наградата NEWGEN,  спонзорирана од брендот Топшоп, најверојатно ќе отиде во рацете на младата дизајнерка Симона Роша која е највисоко рангирана на листата дизајнери, а која претходно е наградена од списанието Elle за најдобар стил. Официјално победникот ќе биде објавен денеска.

Роша дебатираше со своја колекција на лондонската модна недела за созаната есен-зима 2011.

 

 

Наградата се состои во финансирање на нова колекција на Роша која треба да ја претстави во рамките на Модната недела која се одржува во септември во Лондон, а на која учество оваа година ќе земат реномирани имиња на модни куќи како Бубери, Пол Смит, Метју Вилијамсон и Вивиен Вествуд.

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Актуел