И Ана Винтур во реално шоу?

5 август 2013

Anna-Wintour-at-Vera-Wang

Иако се чини неверојатно, Вог открива дека тоа навистина ќе се случи. Главната уредничка на американскиото издание на Вог, Ана Винтур и претседателката на CFDA ( совет на модни дизајнери на Америка) Даен фон Фурстенберг, се согласија да бидат дел од новото реално шоу што ќе ги следи десетте финалисти за наградата „Fashion Fund“.

Оваа награда се доделува веќе цела деценија, а досегашните лауреати помеѓу останатите се и познатите дизајнери Проенца Скулер, Александар Ванг, Џозеф Алтузара. Реалото шоу ќе се прикажува во октомври во шест продолжетока. Освен главните сцени, ќе се прикажуваат и моментите зад сцената, како посетата на дизејнерските ателјеа, снимањата во Вог и модните ревии.

Ана и Даен фон Фурстенберг Ана и Даен фон Фурстенберг

Освен тоа, низ шоуто ќе бидат прикажани и најмоќните жени од американската модна сцена, кои ќе го одберат победникот кој освојува 300.000 долари и година дена менторство во модната индустрија. Прогласувањето на победникот е најавено за 11. ноември 2013 година, кое исто така ќе биде прикажано.

„Иако постојат бројни варијации на оваа тема и натпреварувања од овој тип, ниту еден не е автентичен, ниту пак се доближува до сржта на модната индустрија, како што тоа ние ќе го направиме. За нас големо признание е што работиме со Вог и CFDA на овој проект“, изјавија продуцентите.

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Актуел