Понеделничка ѕвездена ноќ во знакот на наградите во Њујорк

4 ноември 2014

Дијан фон Фурстенберг, Стела Мекартни и Ана Винтур Дијан фон Фурстенберг, Стела Мекартни и Ана Винтур

Наградите што секоја година ги доделува Советот на американски модни дизајнери (CFDA) и Vogue Fashion Fund ги добиваат дизајнери кои според жирито ќе бидат идните ѕвезди во модната индустрија. Дека жири комисијата никогаш не греши во донесувањето на вистинските одлуки се потврди на вчерашното доделување на наградите во Њујорк.

Џоан Смалс, Лили Олдриџ, Констанс Јаблонски и Александра Амбросио Џоан Смалс, Лили Олдриџ, Констанс Јаблонски и Александра Амбросио

Стела Мекартни беше главниот гласноговорник на настанот кој го посетија модни икони како Ана Винтур и Дијан фон Фурстенберг, а интересно е дека Мекартни е првата жена која во 11 години колку што трае оваа манифестација зазема важно место донесувајќи преглед на својата кариера со неколку корисни совети за младите надежи во модниот свет. Награди добија, дијанерката на накит Ева Цукерман за нејзиниот бренд Ева Фехрен, потоа дизајнерот на плетива Рајан Рочи, а главната награда отиде во рацете на дизајнерот на чевли Паоло Андреву.

Алекса Чанг Алекса Чанг

Во групата финалисти се најдоа имињата на Брет Хејман (Еди Паркер), Вес Гордон, Грант Крјаечки и Натали Леви од брендот Grey Ant, Даниел Кориган и Џејк Сарџент (Симон Милер), Метју Орлеј, Алекс Орлеј и Саманта Орлеј од брендот Orley, Тања Тејлор и Џиџи Бурис од брендот Gigi Burris Millinery.

Членови на жирито беа Дијан фон Фурстенберг, Ана Винтур, Ендру Росен, Џена Лионс, Кен Доулинг, Џефри Калински, Ред Краков, Стивен Колб, Марк Холгејт, Маркус Вејнврајт и Дејвид Невил.

Меѓутоа вчеравечер во Њујорк беа прогласени и победниците на ACE (Accessories Council ) Awards манифестација на која секоја година жирито им доделува награди на најдобрите и највлијателните дизајнери на накит. Првата награда оваа година отиде во рацете на Лин Паоло за колекцијата „Scandal“.

Актерката Кери Вашингтон, ПР директорката во Прада и Миу Миу Верде Висконти и дизајнерката Лин Паоло Актерката Кери Вашингтон, ПР директорката во Прада и Миу Миу Верде Висконти и дизајнерката Лин Паоло

Голем број познати гости се собраа на церемонија која се одржа во култниот ресторан Cipriani, каде „Одборот за модни додатоци“ ги прогласи победниците во повеќе категории. Главната награда ја доби Лин Паоло за колекцијата „Scandal“, меѓутоа признанија добија и извршниот директор на Барбери, Роуз Мари Браво и креативниот директор на Булгари, Миреја Лопез Монтоја, како и многу други.

Нина Гарсија и Тејлор Лиз Нина Гарсија и Тејлор Лиз

Меѓу ѕвездите ги видовме, топ моделот Наоми Кемпбел и актерката Кери Вашингтон кои се одлучија за коктел фустани со мошне впечатливи принтови, моделот Коко Роча која блесна во бела тоалета која ја следи нејзината совршена силуета, модната уредничка Нина Гарсија која се одлучи за елегантен изглед, младата актерка Дакота Фенинг која носеше мрежест фустан во сина нијанса со должина до под колена и многу други кои можете да ги видите во галеријата која следи.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Сцена