Дизајнерот Томас Таит ја доби наградата за најдобар млад дизајнер од LVMH

29 мај 2014

Модната групацијата LVMH  на британскиот дизајнер со канадско потекло, Томас Таит, му додели награда од 300 илјади евра за  да  инвестира во сопствен моден бизнис. Младиот дизајнер во конкуренција од 11 дизајнери меѓу кои и Симон Роша, ја освои наградата за неговите две женски колекции ready to wear.

Во борбата за награда  вклучени беа само дизајнери помлади од 40 години, а жири комисијата во состав од еминентни имиња во модната индустрија како Карл Лагерфелд, Марк Џејкобс, Раф Симонс, Рикардо Тиши, едногласно одлучија паричната награда, односно спонзорството да му го доделат на Таит.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел