Розалија Мера, ко-сопственичката на трговската компанија Inditex која меѓу другите го поседува и брендот Зара, почина денеска на 69-годишна возраст како последица на крварење во мозокот. Таа претрпела мозочен удар завчера за време на нејзиниот годишен одмор кој го поминувала со својата ќерка.
Розалиjа Мера важеше за една од најбогатите жени во модната индустрија. Таа заедно со нејзиниот сопруг Амансио Ортега ја основаа модната куќа Zara, име кое и помогна таа да стане светски позната милијардерка.
Имено, модниот гигант Zara е основан во 1975 година. Во почетокот се произведувале женски домашни наметки, а компанијата денес разви 600 продавници во 86 земји низ светот. Богатството на оваа модна дама е проценето на 5,5 милијарди американски долари, што ја прави најбогата Шпанка. Од својот сопруг се разведе во 1986 година, а во управниот одбор на Inditex, компанијата која покрај Zara, опфаќа уште неколку модни светски познати брендови, беше активен член се до 2004 година.