Почнува неделата на висока мода во Париз

18 јануари 2014

Од денес па се до 23 ти јануари, четврток, модната метропола Париз ќе биде главната локација каде ќе се одржат најлуксузните ревии од висока мода на најеминентните модни куќи и дизајнери. Вечерва, своја колекција прва колекција на писта ќе претставува Версаче, а Донатела ќе ја има ексклузивната можност само таа да биде во распоредот за вечерва. Интересно е тоа што  поради високата котација и популарност, Шанел и Кристијан Диор ќе ја претстават колекцијата од висока мода двапати едно подруго на разлика од два часа. Вкупно ќе бидат презентирани 22 колекции кои со нетрпение чекаме да ги погледнеме и анализираме.

 

Водечките имиња во модната индустрија целосно ќе го насочат вниманието на сите љубители и инволвирани во модата, а се очекува во првите редови да седнат популарните ѕвезди кои токму од писта ќе ги пронајдат следните модели на креации што ќе ги носат на црвениот килим.  Еве ги големите имиња што ќе ги понудат своите луксузни колекции од скапи материјали и многу рачна изработка: Џорџо Армани, Ели Саб, Жан Пол Готје, Валентино, Виктор и Ролф, Зухаир Мурад, Стефан Роланд и уште толку значајни имиња чии колекции секако ќе ги споделиме со вас наредните денови.

Објавено:
18 јануари 2014
Категорија: 
Актуел