Погледнете ги познатите во необично издание на „Балот за животни“

11 јули 2013

Англиската фондација „Елефант фамили“, најголемиот финансиер за заштита на Азискиот слон, одржа бал посветен токму на животните. Сите гости мораа да носат маски од животни или со нивните дезени, пердуви и слично. Меѓу присутните во „Ланкастер Хаус“ беа Принцот Чарлс и Камила, сестрите Делевињ, фотографот Марио Тестино и многу други. Голем дел од нив носеа маски дизајнирани од Леонора Фергунсон и Пирс Аткинсон.

Погледнете како се забавуваа познатите под маски, но овој пат животински.

 

Објавено:
11 јули 2013
Категорија: 
Актуел