Погледнете ја атмосферата од коктел-забавата пред почетокот на „Браќа Манаки“

16 септември 2013

Фокусот на македонската јавност деновиве е комплетно посветен на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Тимот на fashionel присуствуваше на Манифестацијата, а во продолжение ви го откриваме модниот избор на дел од присутните како и ексклузивните фотографии од атмосферата.

Иванна Хаџиевска Кошка Иванна Хаџиевска Кошка

Иванна Хаџиевска-Кошка дојде во присуство на сопругот и нивни пријатели од Битола.

„Носам тоалета од модното атеље Кокев, сино-бела комбинација, која за оваа прилика ја избрав во согласност со Тања Кокев“.

Шармантниот водител, Петар Ѓошев од Метрополис Радио вели дека е неблагодарно од негова страна да открива кој бренд го носи на себе и дека е погрешно кога луѓето го градат својот имиџ врз основа на брендови.

Петар Ѓошев водител во Метрополис Радио Петар Ѓошев водител во Метрополис Радио

На гламурозната прослава присуствуваа и претставници од политичкиот врв на Македонија меѓу кои Министерката за Внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Невообичаено издание на жената која секојдневно ја гледаме во панталони и кошули.

„Тоалетата не е дело на македонски дизајнер, не се работи за некој посебен дизајнер. Не примам сугестии, во изборот на она што сакам да го облечам, тоа го правам сама“, рече Министерката која носеше фустан од тантела во сино-бела нијанса во комбинација со сако, дискретна шминка, клач-чанта и чевли со висока потпетица.

министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска со сопругот министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска со сопругот

За разлика од неа Министерката за Култура Елизабета Камчевска-Милевска носеше класичен плисиран фустан во црна и беж боја, со должина до подколената и изјави: „Носам секојдневна креација. Купена е од продавница. Секогаш сама одлучувам што ќе носам, најважно ми е јас да чувствувам дека убаво ми стои и дека ми е пријатно во неа“.

министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска

Филмскиот Фестивал нема да биде така интересен без актерите. Ги сретнавме Драган Спасов Дац кој носеше модел на Бицијани и неговата сопруга Весна, која пак беше облечена во модел од Max & Co, а еве што изјавија за нашиот портал:

„Јас обично носам она што ќе ми одбере Весна, тежок сум малку за облекување, заради мојата професија, бидејќи се пресоблекуваме постојано во претстави и тогаш ме фаќаат нервози. Весна ќе ми најде нешто, ќе го пробам и ако ми се допаѓа тоа е тоа, го купувам“, вели Дац, а Весна ни кажа дека класиката е нејзин заштитен знак, а стилот и е во спортско-елегантна варијанта, па се одлучила за креација од брендот на Max & Co.

актерот Драган Спасов Дац со сопругата Весна актерот Драган Спасов Дац со сопругата Весна

Васил Зафирчев видно возбуден заради премиерата на најновиот филм „Соба со пијано“,рече: „Јас вечерва сум во креација на битолчанец, мој драг пријател и соработник Благој Мицевски. Се одлучив овој пат за многу едноставна смокинг варијанта, којашто прилега на она како се чувствувам, а тоа е свечено, премиерно, со голема возбуда и нетрпение да погледнам што сме сработиле“

извонредниот Васил Зафирчев извонредниот Васил Зафирчев

И неговата колешка Наташа Петровиќ носеше креација на македонски дизајнер, а тоа е Драган Христов. За креативниот дел шминка и фризура, Наташа ни откри дека е сам свој мајстор.

актерката Наташа Петровиќ актерката Наташа Петровиќ

 

Водителката Живкица Каленикова беше во придружба на сопругот Зоран Калеников, директор на Кадис:

„Се облеков сама. Не е дизајнерско име, ниту бренд. Морам да признаам дека често се консултирам со сопругот , за тоа што да облечам, кога веќе имаш партнер посакуваш да чуеш какво ќе биде и другото мислење. Тоа е првиот ударен консултантски момент, а тука е секако и Александар Билјановски Дадар, кој финишира со шминка и фризура, па даваме една завршница на она што сме го смислиле“.

Живкица Каленикова Живкица Каленикова

Нејзината колешка Симона Николовска, која се уште е актуелна по нејзиниот последен ангажман како водител домаќин на едно од најпопуларните шоуа кај нас, па и во светот „Танц со ѕвездите“, вели:

„Вечерва за мојата креација се погрижи, моја лична пријателка Кристина Тарабунова. За шминката се погрижив сама и за 15-тина минути успеав да постигнам да изгледам вака, со оглед на тоа дека повеќе сум дојдена во работна посета отколку за задоволство“.

водителката Симона Николовска водителката Симона Николовска

Детали за својот стил и изглед ни откри и директорката на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Лабина Митевска:

„Јас многу сакам изненадувања и задоволна сум од соработката со Александра Митковска. Тоалетата која ја носам вечерва, ја немав видено до 15.00 часот. Во 16.00 ми пристигна. Така да сакам изненадувања, сакам необичности, сакам уникатност, прифаќам сугестии, затоа што јас добро го познавам моето тело, но многу често она што мислам дека можеби не ми прилега, по некоја сугестија ќе прифатам дека сепак не сум била во право. Со тоа што многу ми е важно да се чувствувам убаво во тоа што го носам, тоа ми е единствен параметар. Неколку пати до сега сум облекла нешто во што не сум се чувствувала удобно, а веќе од 17-тата година сум на сцена, така што половина и повеќе од мојот живот го поминав по фестивали и многу ми е важно да го чувствувам тоа што го носам.

Лабина Митевска-директор на фестивалот „Браќа Манаки“ Лабина Митевска-директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Актуел