Во 1964 година италијанскиот бренд Гучи ја отвори својата прва продавница во Токио. По повод педесетгодишната релација Италија-Јапонија, брендот креира посебна мини-колекција ексклузивно наменета за јапонските купивачи. Истата ќе вклучува чанти, свилени марами, чевли, накит и неколку парчиња облека, а заедничко за секое од нив ќе биде флоралниот принт.
Сите пари собрани од продажбата на парчињата од колекцијата симболично насловена „Flora“, ќе бидат наменети за финансирање на образовната програма која Гучи ја организира во соработка со UNESCO.
Креативната директорка на брендот, Фрида Џанини, во својата агенда планира да ја посети Јапонија во октомври кога пред тамошната клиентела и модни уредници ќе ја презентира својата пролетна колекција за2015 година.