Прогласен победникот на интернационалната Woolmark награда

22 февруари 2014

Дизајнерот Раул Мишра од Индија, е именуван за победник на интернационалната награда Woolmark во музејот Триенале во Милано. Вчера членовите на жирито: Алекса Чунг, уредничката на италијанскиот Вог, Франка Соѕани, Ангелика Чеун од кинески Вог, Колин Мекдауел и Фрида Џанини од Гучи , заеднички одлучија дека наградата од 92.21о долари, оди во рацете на Раул Мишра, кој со своите уникатни дизајнерски техники се натпреваруваше со дизајнери од Америка, Австралија и Англија.

-За мене Раул ја доби наградата поради неговата способност на изработка на оригинални везови на деликатна волна, изјавува Џанини.

-Се чувствувам како ова да е сон, но и ми дава надеж и мотивација за во иднина да напредувам во кариерата. Оваа награда ќе ја промени перцепцијата на глобалната мода во однос на индиската мода, вели Мишра кој  ја претстави својата колекција базирана на везови на волна.

Минатата година победник беше Кристијан Вијнантс, додека истата награда во јуни ја освои Sibling.

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Актуел