Попи Делевињ со улога во новиот филм на Џулија Рестојн Ројтфелд

2 октомври 2014

Ќерката на Карин Ројтфелд уредничката на CR Fashion Book, Џулија Рестојн Ројтфелд го имаше своето режисерско деби со снимање на краток филм посветен за чевлите на дизјанерот Стјуарт Вајцман, а главни ѕвезди во филмот се Попи Делевињ и Дилан Пен.

По повод промоција на филмот, Џулија организираше забава, а бидејќи поводот се поклопи со модната недела во Париз, голем број познати личности беа дел од овој настан. Меѓу присутните кои се појавија на забавата беа Сијара, Роси Хантингон Вајтли, Миранда Кер и други.

Објавено:
2 октомври 2014
Категорија: 
Актуел