Силната врска помеѓу пријателките прикажана во режисерското деби на Џулија Ројтфилд

Манекенката, дизајнерка, блогерка... и чудо од жена, Џулија Рестон Ројтфилд конечно ни го прикажа нејзиното режисерско деби со видеото за рекламната кампања на американскиот дизајнер Стјуарт Вајцман.

Креативната Џулија на видеото му го даде името „Rock Roll Ride“, а во истото можеме да ја видиме секогаш прекрасната Попи Делевињ на која друштво и прави новата ИТ манекенка и актерка и ќерка на Шон Пен за која допрва ќе слушаме - Дилан Пен.

Двете шармантни девојки во видеото носат парчиња од колекцијата на дизајнерот меѓу кои и совршени високи чизми, долги џемпери, куси фустанчиња и панталони, но и тренди очила за сонце и огромни шапки.

Прекрасните долгоноги русокоси на еден сосема поинаков и мистичен начин ни ги доловуваат раскошните убавини на селската идила и на тоа колку можности за уживање ни нуди истата.

Во еден момент можеме да ги видиме рок девојките на мотор, во друг на идиличен велосипед, но и на луксузен црвен кабриолет во кој и двете лудо се забавуваат.

Секси, самоуверена, забавна и секогаш со авантуристички дух... уште еден полн погодок на тоа како Стјуарт Вајцман ја замислува жената!

Секоја чест на фасцинантната Џулија која кај сите ја разгори страста за луда забава со пријателките на место каде никој нема да ве пронајде!

Дали веќе им се јавувате!?

Објавено:
9 октомври 2014