Потресна приказна и фантастични фотографии на Лејди Гага во новиот број на магазинот „Ел“

7 ноември 2019

Најновиот број на магазинот „Ел“ во фокус ја става Лејди Гага. Таа за декемвриското издание ја соголи душата, проговори за успехот, но и потресната приказна што претходела на она што таа е денес.

Интервјуто на Гага го прави Опра Винфри, а проследено е со фотографии на кои Гага изгледа никогаш подобро.

Во продолжение ви пренесуваме дел од нивниот разговор, после кој веројатно ќе ја засакате Гага, доколку веќе не сте.

На почетокот се осврнуваат на нејзините почетоци и потребата да шокира:

Опра ќе се осврне една деценија наназад, на почетоците на Гага. „Како стана повеќе „ти“ во последните 10 години?“, ќе праша Опра:

„Мислам дека, како што растеше мојата кариера и се менуваше, работев различни работи, ставам многу свесна за својата позиција во светот и својата одговорност кон човештвото и кон оние што ме следат. А себе си се сметам за панкер на љубезноста. Кога ќе се осврнам на сè што сум направила и кога гледам во она што го правам сега, а панкерите имаат некоја репутација дека се бунтовни, нели? Така, на својата кариера и на она што сега го работам, гледам како побуна на сите работи на светот кои ги сметам за нељубезни. Љубезноста го лечи светот. Љубезноста ги лечи луѓето. Тоа е она што нè спојува, тоа е она што нè одржува здрави“.

На прашањето дали чувствува притисок постојано да се надминуваш себеси и дали тоа ѝ претставува проблем, ќе каже:

„Не повеќе. Сепак се навикнав. Морам да бидам 100% искрена со тебе: Се обидував упорно да смислам што би можела да направам... Наместо да бидам шокантна (кажував „шок уметност“ или „уметнички перформанс), би го користела зборот „Bemuse“, која во основа ја доведува публиката до збунетос, поради која не можат да го тргнат погледот. Порано се прашував: „Што да направам понатаму, за да го привлечам вниманието на луѓето?“.

Разговорот понатаму се насочи кон хитот „Ѕвездата е родена“ и односот со Бредли Купер. Кога ќе ја слушнете нејзината приказна, нема да знаете дали нивната глума е подобра на големото платно или надвор од него.

... Опра: Морам да ти поставам едно прашање за Бредли. Пред некој ден седев со него во неговата кујна, а тој се грижеше за својата ќерка, нарачавме храна и беше прекрасно да се види во улога на татко.

Лејди Гага: Тој е прекрасен татко.

Опра: Нели? Тој е сосема присутен и фокусиран. Зборувавме за гласините за вас минатата година. Ми кажа дека да биле тие вистина, никогаш не би можел да те погледне во очи седејќи на клавирот.

Лејди Гага: Апсолутно. Апсолутно. Искрено, мислам дека медиумите се многу смешни. Мислам, направивме љубовна приказна. Секако дека сакавме луѓето да веруваат дека сме вљубени. И сакавме луѓето да ја почуствуваат таа љубов на доделувањето на „Оскарите“. Сакавме да помине токму низ објективот на камерата кон секој телевизор на кој луѓето нè гледаа. Напорно работевме на тоа, работевме со денови. Сè испланиравме - оркестрирано како претстава. Тоа и се случи. И кога разговаравме за тоа, си помисливме: „Па веројатно направивме добра работа“.

Во разговорот Гага отворено прозборе и за траумите од минатото, за пострауматскиот стрес со кој се соочувала, откако на 19 години била силувана:

„Имам хронични болки. Неуропатскиот одговор на траумата е болка, која дел од моето секојдневие. Јас сум на лекови. Имам неколку доктори.Така преживувам. Но, продолжив понатаму, и сакам некое дете или возрасна личност која поминала нешто такво, дека може да продолжи понатаму и дека може да преживее и може да го освои својот Оскар. Исто така, би ги замолила другите да, доколку видат некој како пати, да им пријдат и да кажат: „Хет, те гледам, гледам дека патиш и тука сум. Кажи ми ја твојата приказна“. Долго се сечев по телото и единствениот начин на кој успеав да го запрам тоа и да се самоповредувам е кога сфатив дека со тоа што го правам сакам да им покажам на луѓето дека ме боли, наместо тоа да им го кажам и да побарам помош. Кога сфатив дека кога ќе кажам некому: „Имам нагон да се повредам“, тоа ја намалуваше желбата да го сторам тоа. Го зборувам ова со понизност и сила. Благодарна сум што повеќе тоа не го правам и не сакам да го величам. Единствената работа која би ја сугерирала на луѓето кои се борат со одговорите на траума или проблемите со самоповредување или суицидни мисли е всушност мразот. Ако ги ставите рацете во сад со студена вода, таа го шокира нервниот систем и ве враќа во реалноста.

Целото интервју е на линкот ТУКА.

 

Објавено:
7 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.623 пати