Познатата модна блогерка Зорана ќе се дружи со битолчанки

21 јули 2014

Zorana-kolaz-650x351

Една од најпознатите блогерки во регионот, Зорана Јовановиќ, која имавте можност да ја запознаете и преку интервјуто за Fashionel, утре ќе биде гостинка во Битола.

Јовановиќ моментално се наоѓа во Париз, а оттаму директно ќе дојде во Битола, каде што ќе оствари дружба со битолчанки. Како што најавуваат од „Битолски весник“ кој стои и зад организацијата, блогерката со љубителите на модата, блогерките и сите оние што сакаат да ја запознаат, ќе ги сподели нејзините модни искуства, што значи да бидеш моден блогер и да заработуваш од тоа... Средбата ќе се одржи во 16.30 часот во Hauz Bar на Широк Сокак. , а на оваа работилница, Зорана ќе сподели и модни совети за тоа како да правите комбинации, кои се актуелните трендови и слично.

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Актуел