Прада ја доби наградата за „Дизајн на годината“

25 април 2014

колекцијата на Прада е наградена за дизајн на годината колекцијата на Прада е наградена за дизајн на годината

Колекцијата за сезоната пролет-лето 2014 потпишана од модната куќа Прада ја освои наградата „Дизајн на годината“ во категоријата мода на манифестацијата награди за дизајн на годината што традиционално секоја година се одржуваат во музејот за дизајн во Лондон. Жирито имаше навистина тешка задача да одлучи во чии раце ќе отиде годинешната награда, ако се земе во предвид фактот дека конкуренција на Миуча Прада и беше дизајнерот Рик Овенс кој стои зад модната куќа Диор.

во категоријата архитектура победник беше неприкосновената Заха Хадид и објектот Heydar Aliyev Center во Баку во категоријата архитектура победник беше неприкосновената Заха Хадид и објектот Heydar Aliyev Center во Баку

Годишните награди покрај категоријата мода, во својот концепт вклучуваат уште шест други категории, па така во категоријата архитектура победник беше неприкосновената Заха Хадид и објектот Heydar Aliyev Center во Баку, за најдобар дигитален дизајн беше избран Peeк на Џордан Стјуарт, Марио Џардини и Иан Линвингстон, во категоријата мебел победи Chair Pro на Константин Грчиќ, за најдобра графика е избрана Next drone на Џејмс Брејдл, за најдобар производ беше избран Seaboard Grand дизајниран од страна на Роланд Ламб и Хонг Јул Еом, а во категоријата за најдобро транспортно возило победи новиот модел на Волксваген наречен XL1.

најдобра графика Next drone на Џејмс Брејдл најдобра графика Next drone на Џејмс Брејдл

во категоријата мебел победи Chair Pro на Константин Грчиќ во категоријата мебел победи Chair Pro на Константин Грчиќ

за најдобар производ беше избран Seaboard Grand дизајниран од страна на Роланд Ламб и Хонг Јул Еом за најдобар производ беше избран Seaboard Grand дизајниран од страна на Роланд Ламб и Хонг Јул Еом

за најдобар дигитален дизајн беше избран Peeк на Џордан Стјуарт, Марио Џардини и Иан Линвингстон за најдобар дигитален дизајн беше избран Peeк на Џордан Стјуарт, Марио Џардини и Иан Линвингстон

најдобро транспортно Волксваген XL1 најдобро транспортно Волксваген XL1

 

 

 

 

 

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Актуел