Прада прави реинтерпретација на култни парчиња

19 мај 2014

Во склоп на изложбата „Pradasphere“ која се одржува во Лондонскиот Хародс покрај тоа што се изложени култни парчиња од модната куќа Прада, организирана е посебна акција во која заинтересираните купувачи може да добијат реинтерпретација на модно парче од минатите сезони.

Дел од понудата се четири модели на здолништа со цветен принт, свилени чевли со принт од 2003 година, „creepers“ чевли, чевли изработени од кожа од гуштер од 2000 година,„ bowling“ модел на чанта од пролетната колекција за 2002 година. Порачките се примаат исклучиво во шоурумот на Прада во Хародс.

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Актуел