Во стоковната куќа Хародс се отвора првата светска кафе продавница на познатиот италијански бренд Прада, „Pradasphere café“.
Оваа кафе продавница ќе работи според концептуалната дизајнерска изложба со наслов „Pradasphere“, посветена на историјата на италијанската модна куќа, Прада. Во мај на четвртиот кат во лондонската стоковна куќа Хародс, ќе биде презентирано кафе со ретроспективна изложба и нов концептуален простор, за сите вљубеници на модата, добрата голтка кафе и опуштениот муабет.
Ентериерот на новиот објект, специјално ќе биде дизајниран од италијанскиот дизајнер Прада, вклучувајќи не само мода во создавањето на автентична архитектура, туку и филмови. Новиот објект ќе биде и украсен со новата капсулна колекција инспирирана од сто годишната историја на брендот. Организаторите ветуваат многу интересни кафе –мени изненадувања.
Но, ваквите проекти не се новост. Имено, Прада во декември минатата година во стоковната куќа Принтемпс, направи нешто слично, но во духот на празничната еуфорија.