Мини универзумот на Прада во Хародс

2 мај 2014

Комплeтната историја на луксузната италијанска модна куќа Прада е раскажана преку интерактивна изложба во престижната лондонска стоковна куќа Хародс, која  посетителите ќе имаат можност да ја видат до 29-ти мај.

Богатата инсталација преку која може одблиску да се запознаете со профилот на големиот моден бренд, е концепирана преку неколку различни изложбени нивоа: поп ап продавница, кино проекции и непосредно споделување на искуства на кафе муабет во фамозната кафетерија Маркези која преку својот амбиент го пренесува духот на Милано.

На изложбата се поставени парчиња облека и модни додатоци од архивата на брендот како историска ретроспектива на најзначајните моменти од постоењето на брендот, но исто така посетителите ќе можат да го купат омиленото парче со потписот на Прада во поп ап продавницата.

 

 

 

 

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Актуел