10 годишното постоење на Јоши Јамамото собрано во книга

30 ноември 2013

Десет години еволуција, експериментирање, креирање, десет години живост, свежина, брзина. Десет години на Y-3, линијата дизајнирана од Јоши Јамамото, која ги дувна свеќите и своето постоење го прослави со издавање на книга која преку слики го раскажува универзумот на модата.

 

Книгата го одбележува нелинеарниот пат на креативниот ум на дизајнерот кој преку својот јапонски бренд сакаше да ги спои модата и спортот на еден крајно инвентивен и невообичаен начин, во што и успеа, а овие десет години се доказ за тоа. Во сите продавници на Y-3 книгата е пуштена во продажба во само 2000 копии, барем за сега. Графичките солуции за изгледот на книгата се дело на Стефан Пјеч и Георгина Лим.

 

 

Во продолжение еве дел од приказната, раскажана преку фотографии:

Објавено:
30 ноември 2013
Категорија: 
Сцена