Празнични акции во Елена Лука: Цела недела од 30% до 50% попуст на машката колекција

18 декември 2020

Веруваме дека веќе сите сте во потрага по совршениот новогодишен подарок за најблиските. Ако се' уште не сте го нашле, можете да го сторите тоа во Елена Лука.

Од модната куќа информираат дека од денес па во наредните седум дена, целосниот асортиман на машката колекција е со намалени цени и тоа од 30 до 50 %.

Одберете го вашето омилено парче со празнична цена и донесете некому радост.

Изработени од квалитетни материјали, парчињата лесно можете да ги вклучите во секојдневниот стил. Со оглед на богатата понуда, можете да најдете парче за сечиј моден вкус.

Колекцијата е достапна преку онлајн продавницата на Елена Лука, како и во новоотворениот showroom во населбата Аеродром на улица Фрањо Клуз број 6.

Попустот трае до 25.12.2020 па побрзајте и искористете ги празничните поволности.

 



Објавено:
18 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
360 пати