Ќерката на Винсент Касел и Моника Белучи успеа уште еднаш да го украде вниманието. Дева Касел (16) го краси најновото издание на француската верзија на магазинот „Ел“.
Ова е втор пат да ѝ биде отстапен ваков простор. Првпат ја красеше нивната насловна во октомври 2020 година.
View this post on Instagram
Освен насловната, направен е и едиторијал, во кој Дева носи креации од познати модни куќи, како „Прада“, „Версаче“, „Алберта Ферети“...
Нејзината мајка, Моника, не ја криеше гордоста, па меѓу првите ја сподели насловната страна на својот Инстаграм профил.
Реакциите на фотографиите се и повеќе од добри, па многумина ѝ предвидуваат одлична кариера во светот на моделингот.
За потсетување, Дева пред две години беше ангажирана во кампања за „Долче и Габана“ за парфем и оттогаш почнува нејзиниот моден ангажман.