Убавина и шарм во наследство: Дева Касел во стилот на Моника Белучи
•
3 јули 2024
Дева Касел, ќерката на актерите Моника Белучи и Винсент Касел, е моментално една од водечките фигури во моделингот од поновата генерација.
Може да се каже дека Дева во модниот свет е тоа што нејзината мајка е во филмовите.
Со своите неполни 20 години таа веќе има изодено километри на модните писти, соработувано со најпрестижните модни куќи и позирано пред објективите на најдобрите фотографи.
Дева несомнено ги има наследено шармот и убавината на својата мајка, a според многумина и нејзиниот софистициран и безвременски стил.
Црни фустани, елегантни мантили, тесни здолништа се само дел од парчињата во коишто Дева неверојатно потсетува на мајка си, а следниве фотографии го докажуваат тоа.
Фото: Getty