На последното издание на Мет галата, во 2019 година, една од најзабележителните креации беше онаа што ја носеше Ким Кардашијан, а со потпис на Тјери Муглер.
Уште повеќе внимание предизвика видеото кое откри како таа се подготвуваше, односно каков корсет носи за нејзиниот струк да изгледа нереално тенок.
Не само што не можеше да седне убаво со него на себе, туку во една инстаграм објава откри дека одела на посебни часови за дишење, за да може да издржи цела вечер да биде толку стегната.
Инаку, корсетот е изработка на легендарниот „Mr.Pearl“, кај кој воедно и одела на тие часови по дишење. Поради изработката на корсетот морала да оди на проби во Лондон, Њујорк и Париз.
Кардашијан сега повторно се потсети на ова парче, објавувајќи видео како стои пред огледало во истиот корсет.
View this post on Instagram
„Тукушто го пронајдов ова видео во телефон, од моето специјално патување во Лондон минатата година, за да го запознам „Мистер Прл“. Носев корсет како овој на Мет Галата под фустанот на Тјери Муглер за мојот „Camp Look“, кој таа ноќ беше изгубен. Бидејќи многу сакав да имам еден таков за себе, отпатував до Лондон за да ми направат уште еден, за да го имам за себе. Ние исто така, започнавме да правиме и неколку нови креации, вклучувајќи го и стајлингот за мојот 40 роденден. Едвај чекам да ви ги покажам комбинациите кои ги подготвуваме“, напиша Кардашијан на Инстаграм.
Видеото има преку седум милиони прегледи и илјадници коментари, но повеќето од нив и не така позитивни.
View this post on Instagram
„Невкусно е што го промовираш ова!“, „Ова изгледа како нездрав стандард за убавина и би требало да престанеш да го промовираш“, „Ова мене не ми изгледа баш нормално“, „Те молам претстани да го продаваш ова, твоите други бизниси се прекрасни, но овој продукт е над можностите на многу девојки и млади жени, кои веќе се борат со заземањето позитивен став за своето тело. Ова е толку нереално!“, „Кој ќе ѝ каже дека ѝ недостасуваат неколку ребра?“, „Можеш ли да дишеш?!“ „Како е ова воопшто здраво?!“, „Трепни два пати ако си добро“, „Не би сакала овој струк да биде тренд“, „Ти благодарам што промовираш нешто што не е здраво не само за нашето тело, туку и за нашиот ум, за жените кои и така веќе се соочуваат во високи очекувања во општеството“, „Мене ми е непријатно кога гледам“, „Шега ли е ова“, се само дел од лавината негативни коментари.
Имаше и по некој позитивен како дека Ким е кралица, како ова е тело од соништата или оние дека изгледа жешко и дека е вистинска божица...
Божица или не, прегледите на нејзиното видео, бројката на следбеници, како и заработувачката што ја остварува одат во прилог дека може да се нарече “инфлуенсер“, односно дека влијае врз стандардите на убавина, мода итн..., па оттаму веројатно и бурните реакции во контекст на тоа да се размислува за влијанието што (може да) се врши.