Ким Кардашијан е од оние познати ѕвезди кои или ги сакате или не. Но, без разлика во која група спаѓате, факт е дека е една од најпопуларните личности не само на социјалните мрежи, туку и на глобално ниво.
Тоа одлично ѝ помага во развивањето на другите бизниси, помеѓу кои и брендот за долна облека „Skims“, која секако и самата го носи.
Се работи за производи кои им помагаат на жените да носат тесни фустани, панталони, здолништа без да им се познава долната облека.
Во едно од последните видеа таа токму тоа им го покажа на нејзината инстаграм публика.
Кардашијан откри дека пред да ги дизајнира овие парчиња, при носењето провокативни фустани што подразбира и гол грб, се служела со лепенки кои се фиксираат на кожата, но не секогаш биле добар и безбеден избор, бидејќи не се знае во кој момент може да се одлепат.
Затоа, сепак носи долна облека за облекување, која ѝ помогнала да го реши овој проблем.
View this post on Instagram
Но, повеќето повеќе гледаа во нејзината минијатурна половина и задникот за кој дел од инстаграм публиката мисли дека ѝ е до колена и дека изгледа како карикатура, а дел се восхитуваат на тоа колку е згодна и какви облини има.
Сето ова заедно придонесе видеото да биде погледнато преку четири милиони пати и со тоа Ким останува феномен (не во така добра смисла на зборот) чија популарност никој не може да ја оспори.