Престижна награда за уредничката на италијанскиот Вог

30 октомври 2014

Во организација на Европската економска школа и со Томи Хилфигер како претседател на жирито, настанот ќе се одржи на 19 ноември во Trump Tower. Најпрестижната награда за животно достигнување ќе и припадне на уредничката на италијанскиот Вог, Франка Созани. Покрај неа, награди ќе примат архитектот Питер Марино за „Меѓународна легенда“, фотографот Стивен Клејн за „Легендарен визионер“, а режисерот Баз Лухрман и костимографката Кетрин Мартин ќе добијат награда за „Меѓународни амбасадори“.

Франка Созани изгради култен статус како уредник на италијанскиот Вог, зад себе има неколку книги, беше ментор за голем број уметници и дизајнери, но е позната и по јавната борба со анорексијата. Во својата колекција има награди за промоција на италијанската мода и обликување на јавниот живот во Милано.

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Актуел