Прв пат доделени Јутуб наградите

5 ноември 2013

 

Завчера во Њујорк по прв пат беше одржано доделувањето на Јутуб наградите, церемонија која  можеше да се проследи во живо на Јутуб каналот. Замислата иста како и секоја манифестација од ваков тип, но доделувањето на музичките награди сепак не го донесе очекуваниот успех. Преносот го проследиле само 220 илјади корисници во споредба со 10-те милиони гледачи кои ги проследија доделувањето на MTV VMA наградите во август е навистина малку. Домаќин на вечерта беше генијалниот Џејсон Шварцман кој со својот хумор успеа да насмее многумина и покрај лошиот рејтинг на гледаност. Во склоп на шоуто настапија Еминем, Аркад Фајр, Авијации и Лејди Гага.

 

 

Победници на првите Ју туб музички награди се:

Спот на годината: Girls' Generation, "I Got A Boy"

Пејач на годината: Еминем

Откритие на годината: Macklemore & Ryan Lewis

Микс на годината: Lindsey Stirling i Pentatonix, "Radioactive"

Иновација на годината: DeStorm, "See Me Standing"

Феномен на годината: Taylor Swift, "I Knew You Were Trouble"

 

 

Во продолжение погледнете ги интересните видеа:

 

 

 

 

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Актуел