Поранешни воени бараки во Сингапур му се видоа интересни на Карл Лагерфелд како подиум за претставување на колекцијата на Шанел за линијата ресорт 2014. На вчерашната ревија тој прикажа модели наменети за светските дами кои сакаат да патуваат и со нови парчиња облека да го пополнат периодот од пролетните до есенските колекции.
Новите креации дишат со доволно луксузност, како и секое Шанелово парче, но во многу посмирена верзија. Палетата на бои е лимитирана на црна и бела, но се забележуваат и повремени пастелни моменти. Најголемиот азиски лајстајл-магазин Сенатус, напиша дека „колекцијата е полна со вечерни фустани и облека инспирирана од крикетот“.
Претставувањето на новата колекција во Сингапур следешо по прикажувањето на новите филмови на Лагерфелд, „Women Only“ и „Once upon a Time“ (за вториов ве информиравме во вчерашната објава), како и на лансирањето на нова линија луксузен накит. Иако ревијата на круз-колекцијата се случуваше во далечната Азија, гости на Лагерфелд му беа доста познати личности од рангот на Дакота Фенинг, Ана Муглалис и Карин Ројфелд.