Карл Лагерфелд со промоција на својот филм Шанел: Враќање

20 ноември 2013

 

„Враќање“ e новиот филм  режиран од Карл Лагерфелд, кој ќе ја доживее својата премиера во Далас на 10 декември, за време на модната ревија „Métiers d'Art 2013/14“.

 

 

Филмот не враќа назад во времето на 1954 година кога неприкосновената Коко Шанел ја отвора својата модна куќа. Улогата на Габриел ја игра Џералдин Чаплин, а настапуваат и Руперт Еверет, Ана Муглалис, Лејди Аманда Харлех, Ариел Домбејсл и Кати Нешер.

 

 

Во краткометражниот филм „Once Upon a Time“, кој беше промовиран во мај минатата година, Лагерфелд го раскажа животот на Габриел Шанел. Какво сиже ќе ни понуди овој пат останува да видиме.

 

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Актуел