Видео: Погледнете го целиот филм на Лагерфелд посветен на Коко Шанел

Во декември 1953, Коко Шанел на голема врата се враќа во епицентарот на светската модна сцена. По 15 години апстиненција, таа ја продолжува својата приказна за високата мода со повторно отворање на модната куќа. Француските медиуми нејзиното враќање го дочекуваат со резерва доза, но затоа американските комплетно го подржувале новото раѓање на стилот кој го дефинирала Шанел.

Овој значаен период од животот на револуционерната дизајнерка е спакуван во 25-минутниот филм на актуелниот уметнички директор на нејзиниот бренд, Карл Лагерфелд насловен „The Return“ (Враќање).

Улогата на Коко ја толкува Џералдин Џаплин, ќерката на фантастичниот генијалец на немиот филм Чарлин Чаплин.

Објавено:
12 декември 2013