Прва монографија на Етро

29 ноември 2014

Доколку сакате да истражувате за историјата на модниот-шик на италијанската етикета Етро, сега тоа може да биде полесно, откако е издадена првата монографија на популарниот бренд. Книгата не-хронолошки го следи развитокот на брендот, но фокусира постудиозно на конкретни сегменти од производството.

Низ страниците може да се прочита за познатите принтови на Етро, односно како дошло до инспирацијата на истите, а повеќе страници се посветени на колекцијата проелт-лето 2012 каде доминираат идеите од футуризмот и конструктивизмот. Книгата исто така е прошарена со неколку интервјуа со членови од семејството, кое стои зад успешниот бренд.

Во интервјуата се содржани доста интересни моменти околу инспирацијата од создавањето на колекциите и во однос на боите. Па така, бојата на лаванда за нив има значење на имагинација, плус постојат страници со детали за историјата на текстурите од материјалите кои имаат посебно значење објаснето на забавен начин. Новата монографија на Етро е многу повеќе од обична, рамна на историјата на брендот и неговите достигнувања.

 

 

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Актуел