Суки Ватерхаус е новиот ангел на Викторија!?

30 октомври 2014

Долгоочекуваната  ревија на Викторија Сикрет би можела да биде една од најспектакуларните досега, со оглед на шпекулациите дека оваа година би можела да биде збогатена со многу нови имиња.

Последна во низата информации е дека девојката на Бредли Купер, Суки Ватерхаус би можела да биде новиот ангел на Викторија и своето деби да го доживее токму на предновогодишната традиционална ревија на брендот.

Манекенката на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии со кои на некој начин ни навестува дека многу наскоро таа би можела да стане дел од семејството ангели.

Оваа година, традиционалната ревија на Викторија Сикрет за прв пат ќе се одржи во Лондон и се очекува да биде една од најспектакуларните во историјата на брендот.

Покрај Суки Ватерхаус, на ревијата би можела да се појави и новата ИТ манекенка Кендал Џенер чија фотографија беше сместена во книгата издадена од Расел Џејмс во која се најдоа бројни фотографии од голите ангели на Викторија.

Ние едвај го чекаме 2 – ри декември, а Вие!?

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Актуел