Супермоделите како деца

24 август 2013

Во продолжение погледнете фотографии од некои од најубавите жени во светот додека биле деца.

Изабели Фонтана

Бразилскиот супермодел беше една од музите на Џорџо Армани , а сега на 30 годишна возраст е дел од модната агенција Next Model.

Лара Стоун

Таа е интернационален модел, сопруга на комедијантот Дејвид Вилијамс и од мај годинава мајка на Алфред.

Лили Алдриџ

Родена е во семејство кое е поврзано со моделингот. Нејзината мајка била модел, а нејзините сестра и полу сестра биле модели за познати модни брендови, па од таму не не изненадува што Лили тргнала по нивните стапки, а денес е најпозната како ангел на Викторија Сикрет.

Ел Мекферсон

Австралискиот супермодел заради перфектните пропорции го доби надимакот „Телото“, а благодарение на  него, денес веќе има создадено сопствена империја.

Џорџија Мек Џегер

Ќерката на Мик Џегер е родена во 1992 година. Моментално е модел за Версаче, а неостварена желба и е да биде ветеринар.

Кејт Мос

Родена е во 1974 година, а кариерата ја започна како дел на модната агенција Storm models. Иако денес веќе има 39 години, сепак е еден од најплатените модели и заработува 12 милиони долари годишно и сеуште е дел од истата агенција.

Жизел Бундхен

Супермоделот неодамна ја сподели оваа фотографија на Твитер каде е сликана заедно со две од петте сестри. Бразилскиот модел била забележа на 14 години додека била на екскурзија.

Суки Ватерхаус

На фотографија е со нејзината мајка. Родена е во 1993 година, девојка  е на Бредли Купер и до сега има веќе изградено блескава кариера.

Ката Делевињ

Суки и Кара за брзо време станаа едни од најбараните модели, а во приватниот живот тие се најдобри пријателки.

Ана Барос

Бразилскиот модел кој е еден од ангелите на Викторија Сикрет е родена во мај 1982 година.

Аби Ли

Била откриена  во Мелбурн од истата агенција која прва и понуди работа на Миранда Кер (Chic Menagement). Од 2007 година е дел од агенцијата Next Model.

Џордан Дун

Родена е на 3 август 1990 година, а била забележана додека била во шопинг. Денес е успешен модел и мајка на тригодишниот Рилеј.

Доутсен Крос

Родена е во јануари 1985 година, а во 2012 година беше петта на листата за најплатени модели според Форбс.

Кендис Сванпул

Јужноафриканскиот модел е родена на 20 октомври 1988 година, а била забележана додека пазарела во маркет на 15 годишна возраст. Денес е позната како дел од ангелите на Викторија Сикрет.

Алесандра Амбросио

Бразилскиот модел почнала да се занимава со моделинг кога имала само 12 години, а е родена на 11 април 1981 година.

Миранда Кер

Еден од најплатените модели на Викторија Сикрет е сопруга на Орландо Блум и мајка на 3 годишниот Флин. Родена е во мај 1983 година, а започнала да се занимава со манекенство на 13 години.

Карли Клос

Родена е во август 1992 година во Чикаго а оваа фотографија неодамна ја сподели на Твитер објаснувајќи дека и денес ја има истата фризура како на 7 годишна возраст.

Бар Рафаели

Изреаелскиот супермодел е родена во Јуни 1985 година, а уште на 8 годишна возраст била дел од тв шоу.

Шанел Иман

Започнала да се занимава со манекенство на 13 годишна возраст, по потекло е од Лос Анџелес, а неодамна ја сподели фотографијата објаснувајќи дека  би сакала повторно да биде на истата возраст.

Објавено:
24 август 2013
Категорија: 
Сцена
Тагови: 
супермодели