Кендал Џенер ќе биде новиот ангел на Викторија?

12 септември 2014

Немојте воопшто да се изненадите доколку ја видите Кендал Џенер на пистата на долгоочекуваното шоу на Викторија Сикрет оваа зима!

На забавата што брендот за долна облека ја организираше во Њујорк на која беше прославено лансирањето на книгата со фотографии од „ангелите“ издадена од Расел Џејмс, се појави и Кендал Џенер која се пофали со нејзината гола фотографија сместена во книгата.

Во публикацијата на фотографот се најдоа голем број на фотографии од голите ангели на Викторија, меѓу кои и Адриана Лима, Кендис Сванпул, Лили Олдриџ, Карли Клос и други.

Забавата се одржа во Њујорк како дел од тамошната модна недела, чиј повеќе или помалку спектакуларен крај се случи вчера.

Дефинитивно, ѕвезда на вечерта беше младата сестра на Ким Кардашијан, која неодамна во интервју за магазинот Космополитен изјави дека нејзината работа од соништата е да чекори на пистите на Викторија Сикрет.

 

Токму поради тоа, почнаа и шпекулациите дека таа би можела да биде ангажирана на големиот кастинг што ќе се случи во ноември за новата ревија на брендот.

Со оглед на нејзината огромна популарност во моментов и нејзиното ангажирање од страна на сѐ поголем број светски брендови, воопшто не би нѐ изненадило таа многу набрзо да стане еден од „ангелите“!

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Актуел