Прва соработка на Луј Витон со африкански уметник

3 јули 2014

Триесетгодишниот Патри од Јужна Африка кој моментално живее во Кејптаун е првиот уметник од Африка кој ќе оствари соработка со модната куќа и тоа за креирање на оригинална инсталација, која ќе создаде сосема нова слика за излогот на продажниот салон во Париз.

Сепак ова нема да биде прво модно искуство за Патри Руги, кој во 2004 и 2005 година има учествувано на натпреварот на Ел за нови дизајнерски таленти. Два пати по ред успеал да влезе во финалето, но не и да победи. Во уметничките кругови е познат како личност која прави успешен спој на различни култури и елементи,  а застапени се и хуморот и страста кон модата.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Актуел