Матеј Тодоровски ќе ја претставува Македонија во Кејптаун

14 октомври 2014

Моден викенд Скопје продолжува да поддржува таленти, овој пат вклучувајќи се во организација на забавата за поддршка на Матеј, кој во Кејптаун ќе се натпреварува со 40 светски финалисти со можност да добие шанса да дизајнира парче облека за online колекцијата на Red Bull.  Натпреварот стартува од 24-ти до 26-ти октомври во Кејптаун, Јужна Африка на светското финале на Red Bull и по тој повод  на 18- ти октомври ќе се случи забава во Concept 37.

Инаку, Матеј Тодоровски кој е судент на Архитектонскиот факултет во Скопје, во јуни годинава го освои првото место на Red Bull Doodle Art натпреварот во Скопје, oд вкупно 420 пријавени цртежи. Со преку 1300 гласа на Фејсбук  и поените на жирито, составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот дизајнер и илустратор Горан – Ind.o.g и фотографот Димитар Петровски – Дими.

На забавата ќе може да се купат маички со цртежот на Матеј, а  собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на забавната содржина во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. За атмосферата ќе се погрижи Ди-џеј Чваре.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Актуел